Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ упати повик до граѓаните да излезат на протест, притоа објавувајќи забрана за присуство на партиски членови, како и на сегашни и поранешни министри и премиери.
Во својот повик објавен на социјалните мрежи, иницијативата се оградува од политичко влијание и порачува дека нема да дозволи феминистичкиот отпор да се користи како партиски декор. Во соопштението се упатуваат низа квалификации на сметка на политичарите и партиските структури, нарекувајќи ги „партиски хиени“, „политички мршојадци“, „институционални паразити“ и „лицемерни профитери“.
Од „Ниту една повеќе“ ги повикуваат на улица сите граѓани и граѓанки кои се чувствуваат изневерени, понижени, повредени, обесправени и огорчени од системската негрижа и празните ветувања, за, како што велат, да им покажеме дека ние сме слободата.




