Она што бугарските тајни служби го направија во минатото ќе го ставам да се изучува како пример, најголемиот успех на бугарската служба, а наш срам и неуспех е тоа што бугарската разузнавачка служба на нас ни изгради врвни луѓе и ни ги инсталира во врвниот општествен и политички живот. Од премиери, до ете, да не зборувам понатаму, тоа им е најголемиот успех, потенцира поранешниот разузнавач и безбедносен аналитичар Владо Јовановски во Наткаст со Љупчо Цветановски.
-Најголемиот успех на бугарската служба, а наш срам и неуспех е тоа што бугарската разузнавачка служба на нас ни изгради врвни луѓе и ни ги инсталира во врвниот општествен и политички живот. Од премиери, до ете, да не зборувам понатаму, тоа им е најголемиот успех. Еден ден ако бидам во можност, јас тоа ќе го ставам да се изучува во школите за разузнавање како пример – како една служба постапува во друга служба и држава. Спомнав и претходно, дали е со уцени со закани, со компромитирање или со друго мотивирање, останува прашање и не е битно, битно успехот е постигнат, посочи разузнавачот во НАТКАСТ.
Тој вели дека уште нешто треба да се изучува во работата на ДАНС, а тоа е аматеризмот со случајот на Ива Михаилова, кој стана срам и резил за нивната служба.
-Понатаму, во бугарското општество и во бугарските служби се случуваат процеси на распаѓање, прво се приближуваат кон ЕУ, арсте корупцијата, криминалот достигнува некоја своја кулминација, влегуваат во ЕУ, не престанува криминалот и корупцијата, почнува иселувањето, тешките проблеми за општеството, за Бугарите, така и нивните служби почнуваат да ја губат својата стабилност и силина и на тоа го базирам ова што сега се случи со Ива Михаилова и такви некои случаи кои не ме изненадуваат, се случува и тоа, иако е аматерски и тоа не смело да си го дозволи ниту еден оперативец, објаснува Јовановски во поткастот со Цветановски.
Инаку, во поново време, темата за бугарски разузнавачки или параразузнавачки активности во јавноста повторно стана актуелна, но во поинаков контекст – преку регрутирање бугарски државјани од страна на руските служби. Во 2025 година, суд во Велика Британија осуди шестмина Бугари за шпионажа во корист на руското воено разузнавање (ГРУ), чија задача меѓу другото била следење и планирање акции против истражувачки новинари (како Христо Грозев) и руски дисиденти низ Европа.




