Младата македонска таеквондистка Ведрана Тунески со успех го заврши настапот на Европското првенство во Букурешт, освојувајќи го бронзениот медал.
На патот до бронзата, Тунески извојува две максимални победи од 2-0 над противничките од Холандија и Шведска.
Во полуфиналната борба беше запрена од претставничката на Полска, со што го заокружи својот одличен настап со бронзен медал.
За Тунески, која е членка на Таеквондо клубот Бутел, ова е продолжување на успешните настапи на меѓународната сцена, откако во октомври 2023 година освои бронза на Европското пионерско првенство во Белград.
ФОТО: МТФ




