Покачувањето на цената на парното е резултат на покачувањето на цената на гасот, која на светските берзи вртоглаво расте. И тоа не зависи ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ниту од СДС – се посочува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пренесува интегрално.
Според споредбените пресметки, граѓаните во Софија плаќаат за 18 проценти поскапо парно отколку граѓаните во Скопје, во Сараево за 44 проценти, во Белград за 81 процент, а во Љубљана за дури 86 проценти.
Додека просечната референтна месечна сметка за парно во Скопје ќе изнесува 2.681 денар, во Сараево таа изнесува околу 3.858 денари, во Белград 4.860 денари, а во Љубљана околу 5.000 денари.
Разбираме дека секое зголемување на цените претставува дополнителен трошок за граѓаните, но фактите и регионалните споредби покажуваат дека цената на централното греење во Скопје и натаму е значително пониска од цените во повеќе главни градови во регионот.
СДС и понатаму тоне во сопствениот талог, криминален ум и безидејност, без никаква корист за граѓаните.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
ФОТО: Архива




