Зимската служба во Кавадарци работи со полн капацитет, а механизацијата е ангажирана на расчистување на снегот и одржување на проодноста на патиштата, информира градоначалникот Митко Јанчев.
Во моментов се расчистува патниот правец кон Бошавијата и горните села, каде што екипите работат во согласност со временските услови и потребите на теренот.
Јанчев апелираше до возачите да бидат внимателни и да ја приспособат брзината на условите на патиштата.




