Кими Антонели триумфираше на трката за Големата награда на Катар и стигна до својата прва победа како светски шампион во Формула 1 со што ја забележа и десеттата победа во сезоната.
Антонели до првото место на патеката „Лусаил“ стигна искористувајќи ги проблемите на својот тимски колега Џорџ Расел.
По 57 извозени круга, актуелниот светски шампион мина низ целта со предност од 31,476 секунди.
Третото место му припадна на Оскар Пјастри, кој заостана 33,017 секунди зад победникот, забележувајќи го вториот последователен пласман на третото место.
Макс Верстапен ја заврши трката на четвртата позиција, пред Ландо Норис и Луис Хамилтон.
ЧппПо нив следуваа Чарлс Леклер, Исак Хаџар, Лијам Лосон и Габриел Бортолето, кои ја комплетираа десетката што освои бодови во Катар.




