Најтрофејниот белоруски фудбалски клуб, БАТЕ Борисов, денеска испадна од Првата лига, откако ремизираше 1:1 против Ислоч на домашен терен, во натпревар од последното 30. коло.

Домашниот тим поведе во 77. минута со автогол на Андреј Макаренко, а Александар Бутко израмни во 89. минута од пенал.

БАТЕ заврши на претпоследното место со 25 бодови и следната сезона ќе игра во Втората лига, прв пат по 1997 година.

Со 15 шампионски титули, од кои 13 последователни од 2006 до 2018 година, БАТЕ е најуспешниот клуб во Белорусија.
Последниот трофеј го освои во мај годинава, триумфирајќи во белорускиот Куп.