Неколку илјади луѓе се собраа вечерва во Каракас на два протеста, за и против власта на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.
Демонстрантите на протестот на опозицијата го поддржуваат својот лидер Хуан Гваидо, кој на 23 јануари се прогласи за привремен претседател на Венецуела, а истовремено се одржува и протест со поддршка за Мадуро.
На протестот на опозицијата демонстрантите извикуваат „Слобода“ и носат плакати со пречкртан портрет на претседателот на Венецуела.
Демонстрантите, пак, кои ја поддржуваат власта претежно се во црвена облека.
Собирите се одржуваат на денот кога во 1999 година на власт дојде Хуго Чавес, кој почина во 2013 година, а чија политика ја продолжи Мадуро.
Неколку ласа пред почетокот на протестот, генералот на венецуелската војска, Франциско Јанез изјави дека повеќе не ја признава „диктаторската власт“ на Мадуро и искажа лојалност кон Гваидо.