Без разлика дали кучето или кучињата се опасни или не, на вратата треба да стои табла, која ќе означува дека во тој дом се чуваат кучиња.
Сопствениците на кучиња се должни да ги пријават своите кучиња еднаш годишно во ветеринарните амбуланти, клиники и болници кои се овластени за спроведување на ветеринарно здравствена заштита од јавен интерес во нивното место на постојан престој, со цел да ги регистрираат и идентификуваат, како и да ги исполнат одредбите во однос на здравствената заштита согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство. Трошоците за овие постапки се на товар на сопствениците на кучињата.
Сопствениците на кучиња треба на влезната врата во дворот на видливо место да постават табла со која недвосмислено се укажува на присуство на куче, без разлика дали кучето или кучињата чиј е сопственик се опасни или не. Кучињата кога се на јавно место треба да бидат врзани на поводник освен кога се на јавни места каде е дозволено кучињата слободно да се движат во придружба на нивните сопствeници.
По исклучок ловечки кучиња за време на лов и овчарски кучиња кои придружуваат стадо не треба да бидат врзани на поводник.
Глоба во износ од 10 до 15 евра (за правни лица 100 евра) во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на на физичко лице, ако:
-не гo пријави своето куче еднаш годишно во ветеринарните амбуланти, клиники и болници кои се овластени за спроведување на ветеринарно здравствена заштита од јавен интерес во нивното место на постојан престој:
-не истакне табла со која недвосмислено се укажува на присуство на куче;
-кога се на јавно место кучињата не ги држи врзани
-не го пријави леглото од своите животни во овластена ветеринарна амбуланта, клиника или болница, не ги идентификуваат
-младенчињата пред да ги вдомат и не ги пријават лицата кај кои ги вдомиле;
-одгледувачниците на домашни миленици не водат евиденција за домашните миленици и истата не ја чуваат три години и не е достапна на увид на барање на Агенцијата;
Глоба во износ од 50 до 75 евра ( за правни лица 500 евра ) во денарска противвредност ќе се изрече на физичко лице за прекршок ако:
-не дејствува на хуман и грижлив начин кон животните;
-напушти домашен миленик;
-поттикнува агресивност на животните против други животни;
-осакатува животни и врши хируршки или слични интервенции со кои се врши осакатување на животните заради естетски или други причини
-не обезбеди услови за држење на опасно куче;
-опасните кучиња при движење не се придружувани од полнолетно лице;
-се обложува на борба со животни за било каква намена;
Глоба во износ од 150 до 225 евра ( за правни лица 1.500 евра ) во денарска противвредност ќе се изрече на физичко лице за прекршок ако:
-изведува хируршки интервенции без соодветна употреба на целосна или локална анестезија и предизвикува непотребна болка или страдање на животното;
-врши девокализација, отсекување на канџи и обеззабување;
-интервенциите не се извршени од страна на доктор по ветеринарна медицина
Глоба во износ од 600 до 900 евра ( за правно лице 6.000 евра) во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице за прекршок ако:
-предизвикува болки, патење или повреди, сурово и нехумано се однесува кон животните и ги убива
-е вклучено, поттикнува, организира, рекламира, оддржува и организира обложување на борби со животни за какви било намени