За да заштити малолетници од штетни содржини на телевизија, во Црна Гора ќе биде ограничено емитувањето на ријалити програми од Србија.
Одлуката ја донела Агенцијата за eлектронски медиуми на Црна Гора, а на иницијатива на Медија центар.
– Со години телевизии од Србија преку кабловски оператори емитуваат во текот на целиот ден ријалити програми во кои често се промовира насилство и говор на омраза, изјави директорот на Медија центар, Горан Ѓуровиќ.
Од АЕМ сепак одлуката ријалити програми од Србија да бидат под шифра ја објаснија како потреба за унапредување на заштитата на малолетници од содржини што може да штетат на нивниот физички, ментален и морален развој.