Талибанците сакаат нов „исламски устав“ во Авганистан. Тоа го изјави нивни претставник на разговорите во Москва за авганистанска телевизија.

– Сегашниот устав на владата во Кабул е невалиден, бидејќи е копиран од Западот. Тој е нејасен и противречен. Исто така, претставува пречка за мирот, изјави Шер Мохамед Абас Станикази, кој ја предводеше талибанската делегација во Москва.

– Тоа е неспоредливо. Сакаме исламски устав, рече тој, додавајќи дека новата повелба би ја подготвиле улеми и исламски научници.

Тоа барање беше упатено од Москва на средба меѓу претставници на талибанците и членови на авганистанската опозиција.

Исламистичките бунтовници кои преговараа со САД во Доха во крајот на минатиот месец, се уште не сакаат да водат преговори со авганистанските власти.

-Талибанците го управуваа Авганистан од 1996 до 2001 година согласно шеријатот и не сакаат монопол врз власта туку исламски систем со широки опции, изјави Станикзаи.