Во Вашингтон денеска се одржа традиционалниот молитвен појадок, во организација на американскиот претседател Доналд Трамп.

Овој настан се организира секоја година и ги собира членовите на претседателскиот Кабинет и Конгресот, како и многубројни гости од странство.

Молитвениот појадок се одржува првиот четврток од февруари секоја година во Вашингтон, а вообичаено присуствуваат околу 3.500 гости.