Корисниците на социјалните мрежи се воодушевени од новиот сет на емотикони, кои наскоро ќе пристигнат и кај нас. Меѓу новите 230 икони, со кои ќе можеме да се изразиме, е и рака која покажува дека е нешто мало,  која корисниците на социјалите мрежи веднаш ја нарекоа „емотикон за мал пенис”.

„Конечно емотикон за мал пенис”, „конечно емотикон кој точно го опишува мојот поранешен”, се некои од коментарите на Твитер.

Организацијата која ги креираше емотиконите, Уникод Конзорциум, вели дека сакал да ги вклучи лицата со посебни потреби и инвалидност, додавајќи симболи за инвалидска количка, знаковен јазик, слушни помагала…