Со финансискиот план за 2019 година како најважни проекти на Министерството за одбрана на Хрватска се предвидени набавка на повеќенаменски борбен авион, продолжување на општата ревизија на тенковите М84, изградба на хангари, адаптација на касарни и изградба и реконструкција на воени локации, објави Индекс.
МО исто така ќе набавува резервоари за гориво и ќе врши опремување на морнарицата, копнените сили и други единици.
Министерот за одбрана Дамир Крстичевиќ на презентацијата на Планот за набавки за 2019 година рече дека со финансискиот план се обезбедени 1,6 милијарди куни за постапки за јавни набавки и повеќе од 500 милиони куни за обврски од претходните години за повеќегодишно финансирање.
Оваа година, во споредба со 2018 година, во буџетот има околу 260 милиони куни повеќе, што вкупно се обезбедени повеќе од 5 милијарди куни, што е околу една милијарда куни повеќе отколку во 2016 година.
(100 куни – 13,5 евра)