Британски суд донесе одлука за конфискување на речиси 500.000 фунти од синот на поранешниот премиер на Молдавија, Владимир Филат.
Со истрага е утврдено дека богатството на 22-годишниот Влад Лука Филат кој плаќал месечен наем од 30.000 фунти за стан во Лондон и кој возел Бентли, е „од незаконска дејност“ на неговиот татко.
Поранешниот премиер на Молдавија (2009-2013) е зад решетки во татковината откако пред три години беше осуден на 9 години затвор за корупција и злоупотреба на власт. Тој беше осуден за незаконско призвојување 260 милиони долари.
Влад Лука дошол во Лондон во 2016 година за да студира, но привлекол внимание со екстравагантните купувања и расходи меѓу кои и за Бенли за 200.000 фунти. Тој немал никакви приходи во Британија. На неговите три банкарски сметки имало пари што доаѓале од фирми од Турција и од Кајманските Острови.