Aвстралискиот Парламент соопшти дека имало обид за хaкерски напад врз компјутерскиот систем. Засега нема информации дали се украдени податоци, но на пратениците им е сугерирано да ги сменат лозинките како мерка за претпазлвост.

– Немаме докази дека тоа е обид за влијание врз парламентарниот процес или за влијание врз изборен или политички процес, велат претседателот на Долниот дом, Тони Смит и претседателот на Сенатот, Скот Рајан.

Се води истрага според нив, која ќе одземе време за да се види кој е одговорен за нападот.

Според Цејмс Дер Деријан, директор на Центарот за истраги, осомничени би можеле да бидат Кина или Русија со кои односите се влошени.