Медицинска опрема и друг вид инвентар што не се добро обезбедени исчезнуваат од болници во Германија, јавуваат германски медиуми. Штетите на годишно ниво се повеќе милиони евра, се нагласува во извештај.

Крадци упаѓаат во болнички комплекси и од нив крадат се што е вредно. Болниците не се во состојба да се справат со проблемот бидејќи треба да балансираат меѓу достапност и безбедност на пациентите.

Органзаиции за заштита на пациенти повикуваат на постороги правила за при влегување.

Во провинцијата Северна Рајна Вестфалија, која е најбројна, во 2017 година имало околу 6.500 регистрирани случаи на кражби во болници. За споредба, во 2011 година имало 4/715 такви кражби.

Само во југозападната провинција Баден Вуртемберг загубите во 2017 година бил рекордни од речиси 2,75 милиони евра.