Кучињата често ги нарекуваме најдобри пријатели и спасители, а приказната што следува е една од оние што само ги потврдуваат овие тврдења.
Морин Хетчер доживеала мозочен удар за време на тушење. Кога нејзините кучиња, Бела и Седи, сфатиле што се случува, тие истрчале надвор од куќата и со лаење почнале да ги повикуваат соседите.
Морин им кажала дека не може да се движи, па им рекла на своите миленици дека ѝ треба помош.
Паметните животни истрчале, па на соседката и покажале што се случило, и таа веднаш побарала брза помош. Камерата за набљудување на влезната врата го снимила целиот настан.
На камерата на влезната врата на куќата, можете да ги видите и слушнете како кучињата со гласно лаење викаат некој да помогне. Тие лаеле и лаеле се додека некој конечно не дојде и да и помогне на нивната сопственича, која лежела со сериозни болки.
Видеото покажува дека една жена влегува во куќата, а потоа и брзата помош како ја изнесува несреќната жена.
Кучињата и овој пат покажаа колку можат да бидат добри пријатели на човекот и колку можат да се грижат за нас, бидејќи ако кучињата не беа упорни, оваа приказна можеби ќе имаше трагичен крај.