Заваровалница Триглав достави барање за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови до македонската Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС).
Како што информираат од групацијата намерата за ширење на македонскиот пазар на пензиско осигурување е во согласност со нејзините стратешки насоки.