Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај ја стави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини на листата на „непријатели на Косово“ поради нејзината позиција во дијалогот со Белград.

– Успехот на Косово не е поврзан со динамиката на Могерини, ниту со агендата за дијалог…Никој не може да биде толку бескорисен за Косово како Могерини. Наместо да зборува за договор со Србија за признавање, таа зборува за територии и граници. Таа е непријател на мојата држава, изјави Харадинај за албанскиот сајт Коха јоне.

Тој додал дека отворањето на прашањата за територијата и границите е „агресија“. Според него, ставот на Могерини уништил можност Европската унија да овозможи постигнување договор.