Американскиот Претставнички дом гласаше за прекин на учеството на државата во војната во Јемен.

Силите на САД треба да се повлечат и да се прекине поддршката за коалицијата предводена од Саудиска Арабија. Тие се повикаа на ретко користен документ што им дозволува надзор врз акции на извршната власт.

Конгремените беа „притиснати“ од влошената хуманитарна криза во Јемен и стравувањата за непочитување на човекови права од страна на Саудиската коалиција особено по убиството на новинарот Џамал Кашоги. Во изминатите години во Јемен загинаа илјадници цивили.