Кубанските власти соопштија дека американски војници биле во карипски држави за да подготват „агресија и воена авантура врз Венецуела, маскирана како хуманитарна интервенција“.

Меѓу 6 и 10 февруари имало „придвижување на силите за специјални операции на САД кон аеродроми во Порторико, Доминиканска Република и други карипски држави, но нивните влади не биле информирани“, соопшти кубанското МНР.

„Подготовката за воена агересија врз Венецуела со хуманитарен изговор продолжува“, се нагласува во твит од Министерството.