Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во вторник ќе ги удри темелите на Трансанадолскиот гасовод (ТАНАП). Церемонијата ќе се одржи во Ескишехир, централна Турција во рамки на претседателството на Ердоган.
На церемонијата ќе присуствуваат владини и државни претставници, министри за енергија, директори на енергетски компании, акционери и пријателски земји, се додава во претседателското соопштение.
Со проектот ТАНАП ќе се транспортира природен гас прозведен во Азербејџан, во Шах Дениз-2 гасното поле во Касписко Море, како и од други полиња на југот на Касписко Море, најпрвин во Турција, а потоа и кон Европа.
Со цел да имаат подлабока соработка, Турција, Азербејџан и Грузија влегуваат заеднички во проектот со кој каспискиот басен ќе го интегрираат со светот.
ТАНАП е инвестиција од 8,5 милијарди долари, ќе пренесува шест милијарди кубни метри азеребејџански гас во Турција и 10 милијарди кон Европа секоја година.
Европскиот дел од проектот се очекува да биде ставен во функција во 2020 година.