Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска, преку објава на Фејсбук упати критики кон, како што наведува, „самопрогласени политичари“ кои, според неа, повеќе се потпираат на политички настап отколку на резултати.
„Токму затоа денес не е најважен костумот – најважно е дали има човек во него“, пишува Петкоска, додавајќи дека „костумот може да остави впечаток, но само човекот во него – остава трага“.
Во објавата таа посочува дека за сериозни државни теми, како евроинтеграциите, се потребни проверливи факти, а не шпекулации.
„Секое тврдење за ‘тајни договори’, ‘скриени преговори’ или ‘веќе донесени одлуки’ мора да биде поткрепено со проверливи факти“, наведува Петкоска.
Таа оценува дека граѓаните денес повеќе ги вреднуваат конкретните резултати отколку политичката реторика.
„Граѓаните повеќе не ги импресионираат силните зборови, туку силните резултати“, истакнува пратеничката, додавајќи дека „на крајот од денот, граѓаните не веруваат во оној што гласно говори, туку во оној што испорачува резултати“.




