Белата куќа соопшти дека околу 200 американски војници ќе останат во Сирија по повлекувањето на силите на САД од таа арапска држава.
– Мал контигент од околу 200 војници за зачувување на мирот ќе останат извесно време во Сирија, изјави портапролката на Белата куќа Сара Сандерс. Таа не даде други детали.
На 19 декември американскиот претседател Доналд Трамп објави дека почнува повлекување на американските сили од Сирија поради како што нагласи, постигната победа врз Исламска држава. Во моментот во Сирија има околу две илјади американски војници.