Италијанските парламентарци синоќа одобрија текст со кој ќе им се дозволи на граѓаните да поднесуваат закони.
Ако нацрт законот изготвен од граѓанска иницијатива, собере најмалку 500.000 потписи, тој треба да биде прифатен од Парламентот до 18 месеци и во него не може да бидат внесувани големи измени.
Ако Парламентот не прифати нацрт закон во тој рок, за тоа прашање може да се организира референдум.
Нацрт законот ќе биде прифатен во варијанта ако во референдумот учествуваат над 25 отсто избирачи и поддршка од над 50 отсто од тие што учествувале во референдумот. Во моментот италијанскиот Устав предвидува само референдум преку кој граѓани може да укинат целосно или делумно закони, но не и да предлагаат.