„Среде пустинската убост“ е насловот на песната посветена на монашкото секојдневие во манастирот „Свети Јован Крстител“ или познат како Бигорски.
-Станува збор за песна која е своевиден приказ на монашкото секојдневие, составена од светогорски монах, што Бигорското братство успеа да ја преведе и препее, создавајќи композиција која што плени со прекрасните стихови што ја искажуваат длабочината на монашкиот живот, и со топлата архаична мелодија успешно го пренесува мистичниот амбиент во кој живее и се движи монахот, соопшти Бигорската свештена обител
Аранжманот за оваа песна го направи Владимир Димовски, а се снимаше во студио „Алшар“, кај Ивица Јанкуловски, во изведба на: Виолина I – Владимир Цветковски, виолина II – Петар Тасески, виола – Владимир Димовски, виолончело – Кирил Јосифов, контрабас – Митко Иванов, лира, кларинет – Петар Христо, канон – Тимко Чичаковски, харфа – Весна Микиќ. За видео записот да изгледа вака, се погрижија: режија и монтажа: Горан Костадинов, камера: Кристијан Теодоров, Александар Ивановски, дрон: Дарко Данилов, постпродукција: Огнен Шапковски.