25 февруари 2019

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 февруари.

Денеска е Св. Мелетиј Антиохиски.

Свети Мелетиј живееше и делуваше во четвртиот век. Тоа е век на големи превирања, но и на големи сведоштва во Црквата. Еден од тие големи сведоци беше и овој Мелетиј. Како православен епископ беше испратен на заточение од аријанските цареви, но до крајот остана тврд во верата. Голем духовник кој се грижеше за духовниот раст на такви светители, како Василиј Велики, Јован Златоуст, Симеон Столпник. Се упокои во текот на Вториот вселенски собор, во 381 година, како претседател на соборот. Моштите му беа пренесени од Цариград во Антиохија.