Амбасадорот на Велика Британија во Русија, Лори Бристоу изјави дека Сергеј и Јулија Скрипал се живи.
– Можам да потврдам дека тие се живи. И може да потврдам дека барањето од руската амбасада за средба со нив им било предадено, изјави Бристоу.
Тој додаде дека Скрипал не сакаат да се сретнат со руски дипломати и нагласи дека е јасно „зошто е тоа така“.
Британскиот амбасадор вели во интервју за руски медиуми дека двајцата се наоѓаат на безбедно место и обврска на Лондон е да ги заштити.
– Имаме повеќе информации за делото Скрипал отколку што се појавуваат во медиумите, вели Бристоу.