Поранешниот израелски министер, Гонен Сегев, е осуден денеска на единаесет години затвор, поради шпионажа во корист на Иран и пренесување информации до непријателска држава.
Поранешниот министер за енергетика и инфраструктура беше уапсен минатиот јуни и беше обвинет за голем број престапи кои се однесуваат на предавство против Израел.
Тој беше обвинет минатиот месец дека му обебзедувал на Иран информации за Израел со цел да и наштети на државната безбедност.
Сегев, наводно, му предал на Техеран „десетици извештаи” со намера да и наштети на националната безбедност на Израел.
Поранешниот министер бил наводно регрутиран како агент за иранската разузнавачка служба и обезбедувал информации за израелската енергетска инфраструктура, безбедносните објекти, воените и политичките функционери.