На Интернет кружат снимки на кои се гледа токсичен зелен снег снимен во Русија, кој ги загриж жителите. Несекојдневната појава бше забележана во градот Первоураљск и предизвика масовни протести против загадувањето.

Зелениот снег, според руските медиуми, бил предизвикан од отровите од блиската фабрика за производство на хром, од која биле отпуштени отпадни води по што се затнале резервоарите. Ова не е првпат Русите да се соочат со отровен снег. Минатата година селаните пријавија шарен снег и шарени дождови, исто така поврзани со работата на наведената фабрика.