1 март 2019

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 февруари.

Денеска е Св.маченици Памфил, Порфириј и други.

На овој ден за време на царувањето на Диоклецијан, 12 маченици пострадаа заради нивната цера во Христос во палестинскиот град Кесарија (Цезареја). Некои од нив т.е. презвитерот Памфил, учен човек заслужен за оформувањето на тогашната богата Кесариска библиотека, ѓаконот Валант и Павле беа затворени две години порано, а сега го дочекаа своето судење. Други, од љубов кон првите сакаа да се погрижат за нивните мошти или ги молеа мачениците да се застапат за нив пред Бога. На сите им се најде една вина – љубовта за Христа заради што беа и погубени на почетокот од четвртиот век.