Дваесетгодишно момче им подлегна на повредите здобиени во оружен инцидент што се случил ноќеска на влезот од село Шишево, кај Сарај, во кој повредено е уште едно лице.

Како што соопшти МВР, ноќеска околу 02 часот во СВР Скопје пријавено е дека во Клиничка болница „Систина“ од страна на С.Т. (24) од с .Шишево биле донесени со повреди А. А. (20) и Г. А. (36), сите од с.Шишево.

-Според пријавеното, тројцата се движеле со возило „БМВ“, а пред нив се движело возило „Мерцедес“, управувано од Е.Ш. од с.Шишево, со кого претходно имале расправии. На влезот во с.Шишево возилото „мерцедес“ застанало до патот, а по него запрел и Г.А., кој го управувал возилото „БМВ“. Е.Ш. и Г.А. излегле од возилата и почнале да се расправаат, по што Е.Ш. со пиштол пукал кон Г.А., а потоа и кон А.А.. С.Т. ги пренел А.А. и Г.А. во болницата „Систина“, каде А.А. починал, наведуваат од МВР.

Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.