На 02.03.2019 во 10 часот на ПС за ГП-Табановце, на влез во Македонија, од страна на полициски службеници од слобода е лишен Д. С. (40) од Скопје, бидејќи при извршена пасошка контрола било констатирано дека е предмет на потрага од СВР Скопје.

На 02.03.2019 во 16,50 часот на ГП-Табановце, на излез од Македонија, од страна на полициски службеници приведен е М.К. (21) од Косово, бидејќи при пасошка контрола приложил туѓа патна исправа на име Ј. Е. (22). 

При преглед кај него била пронајдена неговата оригинална косовска лична карта. М.К. е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

На 02.03.2019 околу 04 часот е пријавено дека во Скопје на ул.„Гоце Стојчевски“, Ч.Л. бил физички нападнат од страна на три лица, кои му одзеле паричник и часовник.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.03.2019 во 11,35 часот била добиена пријава за настанат пожар во атарот на с.Царевиќ-Прилеп, на место викано Царев даб, а била зафатена шума. Пожарот бил локализиран од екипи на ТППЕ-Прилеп во 17,30 часот.

На 02.03.2019 во 01,45 часот Ѓ. М(41) од Струмица пријавил дека околу 00,30 часот во угостителски објект во трговски центар од страна на Н.Ј. физички бил нападнат неговиот малолетен син.

Се работи на целосно расчистување на случајот.