Кина денеска соопшти дека за 7,5 проценти ќе го зголеми својот буџет за одбраната за оваа година и ќе изнесува 177,6 милијарди долари, а со цел модернизација на опремата и проширување на воената присутност во странство.
Зголемувањето на одбранбениот буџет е помало од минатогодишното, кое изнесуваше околу 8,1 отсто, со оглед на тоа дека кинеската економија се наоѓа под притисок на трговска војна со САД и раст на државниот долг.
Кинекикот одбранбен буџет, втор по големина во светот, се уште се смета за само дел од американскиот воен буџет од 750 милијарди долари годинава.