Лос Анџелес Лејкерс доживеаја пораз од градските ривали Клиперс со 113:105 и така го забележа петтиот пораз во последните шест натпревари.
Леброн Џејмс веќе е поблиску до реалноста дека нема да игра во плејофот за прв пат од сезоната 2004/2005. Тоа беше неговата втора година во лигата. Во овој дуел тој помина 42 минути на теренот и одигра одлично со 27 поени, 8 скокови и шест асистенции. Покрај Ражон Рондо, кој постигна „трипл-дабл“, ниту еден од останатите не го следеше.
Во Клиперс, најдобар беше Данило Галинари со 23 поени и 6 скока.
Лејкерси имаат скор од 30-34, додека Сан Антонио Спарс, тимот кој го зазема последното место во плејофот, има 36-29. Според статистичките анализи, во последните 18 натпревари оваа сезона, Лејкерс има 1% шанса да влезат во плејофот.
Покрај тоа, еден од најдобрите сезонава за тимот, Кајл Кузма го напушти натпреварот поради повреда на зглобовите, Брендон Инграм имаше проблем со рамото и не играше, додека првиот плејмејкер, Лонзо Бол, нема да се појави уште една недела. Ова се причините зошто Реџи Милер, легендата на НБА, верува дека ЛеБрон треба да се чува за следната сезона.
Од друга страна, Клиперс, иако го продадоа својот најдобар играч, Тобајас Харис, држат се во нивни раце и најверојатно ќе освојат место во плејофот. Тие победија во 37 натпревари оваа сезона, а забележаа и 29 порази.
Резултати од НБА:
Бруклин Нетс – Далас Маверикс 127:88
Мајами Хит – Атланта Хокс 114:113
Сан Антонио Спарс – Денвер Нагетс 104:103
Феникс Санс – Милвоки Бакс 114:105
Јута Џез – Њу Орлеанс Пеликанс 112:115
Сакраменто Кингс – Њујорк Никс 115:108
Лос Анџелес Лејкерс – Лос Анџелес Клиперс 105:113.