Марк Закерберг вети синоќа дека со стратешки прсврт ќе го претвори Фејсбук во платформа покорисна за приватниот живот на корисниците, насочена кон доверливост.
Фејсбук мора да стане обединета мрежа насочена на приватна размена и на форматите од типот „сторија“ (story) што се бришат по 24 часа.
– Кога мислам за иднината на интернетот, мислам дека платформа за комуникација насочена на „приватно“, ќе стане уште поважна од денешните отворени платформи, оцени тој и најави дека има намера да овозможи безбедни онлајн плаќања.
– Таа промена одговара на новите вкусови на корисниците. Денес гледаме дека приватните пораки, „сториите“ и малите групи се најбрзорастечки онлајн формати за комуницирање, напиша тој на својот профил на ФБ.
Извршниот директор на Фејсбук има намера технички да ја обедини мрежата со нејзините останати апликации Месенџер, Инстаграм и Ватсап.
– Иако сега не сме на високо на листата по заштита на приватност, ќе развиеме услуги кои луѓето навистина ги сакаат, тврди Закерберг.