Џенифер Лопез се вери со поранешната безбол ѕвезда Алекс Родригез.
Информацијата придружена со фотографии од прстенот беше објавена синоќа од нив на социјални мрежи.
„Таа кажа Да“, објави на Родригез (43) на Твитер. Во врска беа две години.
Ова ќе биде четврти брак за Лопез (49) , а втор за Родригез. Од претходниот брак со Мар Ентони, Џенифер има близнаци Макс и Ема , а Родригез две ќерки од бракот со Синтија Скуртис- Наташа и Ела.