Вкупно 30 лица кои вчера биле на лет од Истанбул до Њујорк биле повредени откако авионот на „Туркиш Ерлајнс“ во кој се наоѓале бил зафатен со силни турбуленции, соопшти денеска авиокомпанијата.

– Дваесет и осум од нашите патници и двајца членови на екипажот беа полесно повредени поради турбуленции на нашиот лет кон аеродромот ЏФК во Њујорк, објави турската авиокомпанија на својата веб-страница.

Авионот со 326 патници и 18 членови на екипажот безбедно се слета на аеродромот Џон Ф. Кенеди, соопшти компанијата.

Досега од болница се пуштени 18 патници, а ниту еден од повредените не е во животна опасност.