Над 370.000 луѓе се убиени во војната во Сирија која од денеска влегува во деветтата година. Тоа се нагласува во нов извештај на Сирискиот центар за човекови права.
Меѓу жртвите има 112.623 цивили, од кои повеќе од 21.000 се деца и 13.00 жени.
Убиени се речиси 125.000 војници од сириската армија и од сојузници на нив.
Загианти се и 67.000 борци на други групи, меѓу кои и на курдски сили.
Освен тоа убиени се најмалку 66.000 џихадисти од ИД, Тајат Тахрир ал Шам, поранешен клон на Ал каида.
Вкупно околу 13 милиони Сиријци се раселени или пребегнале во други држави. Штетите се проценуваат на над 400 милијари долари.