Српскиот претседател Александар Вучиќ на прес-конференција прашан како е можно амбасадорите од Запад да не го осудат упадот во РТС, а го осудија во истиот момент упададот во македонското Собрание, тој рече дека е интересно што имаат двојни аршини.
-Големиот пријател на тајкунот Јеремиќ и Ѓилас, се пофали како го осудил Чавков на 18 години, затоа што не спречил граѓаните да влезат во Собрание, и сега многумина можеби сметаат дека и ние треба да размислуваме на тој принцип. Јас сметам дека нашиот министер Небојша Стефановиќ мислел дека има работа со одговорни луѓе и не очекувал насилства – изјави Вучиќ.