Колумбија ќе продолжи да дава поддршка во форма на храна и засолниште на околу 1.000 венецуелски дезертери кои се на нејзина територија. Тоа го соопшти синоќа Министерството за надворешни работи во Богота.
Во саботата, венецуелските дезертери, кои имаат засолништа во пограничните градови Кукита и Вила дел Росарио, изразија загриженост пред локалните медиуми дека ќе бидат протерани.
Венецуелскиот амбасадор во Колумбија, назначен од лидерот на опозицијата и самопрогласен претседател на Венецуела, Хуан Гваидо, рече дека разговарал со колумбиските власти за да им дозволи на дезертерите да останат во Колумбија и да најдат работа во други сфери.
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро се уште има поддршка од Генералштабот на вооружените сили на Венецуела, кои се околу 365.000 луѓе.