Селекторот на Англија, Герет Саутгејт откри дека во неговата тренерска кариера се инспирирал од Сер Алекс Фергусон и неговата вештина да го извлекува најдоброто од младите футболсити.
Легендарниот стратег, кој го водеше Манчестер Јунајтед, се грижеше неговите таленти да поминуваат одредено време на теренот, а нивните јавни настапи да се ограничени.
– Секогаш мислам на Сер Алекс и Рајан Гигс. Тој го направи тоа толку добро, затоа и постигнаа успеси. Мислам дека е збир од многу нешта: колку време ги изложуваме играчите пред публиката, колку време им доделуваме промотивни настапи. Мораме да мислиме за тоа цело време, бидејќи многу е лесно да ги оставиме да уживаат во овие моменти, а тие навистина уживаат, но во исто време треба да има баланс. Треба да сме сигурни дека ќе има баланс помеѓу нас и клубот, што е важно за фудбалерите, изјави селекторот на Англија, цитиран од „Скај Спортс“.
Во тимот на Англија на „Вембли“ за првиот квалификациски дуел за ЕП 2020, Саутгејт имаше шестмина фудбалери под 24 години – Рахим Стирлинг, Деле Али, Бен Чилвел, Деклан Рајс, Џејдан Санчо и Калум Хадсон-Одој.
Покрај тоа, во тимот може да влезат уште, ако се здрави – Маркус Рашфорд, Лук Шо, Џон Стоунс, Трент Александар-Арнолд и Џо Гомез