Зоран Заев во ТВ дуелот со ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на воведе нов збор во македонскиот речник – „мрчите“.

Тој откако претходно бараше Мицкоски да ги осуди настаните од 27 април, му реплицираше со зборовите: „Го осудувате насилството за 27 април, а мрчите за пресудите.“

На забелешката на Мицкоски за „мрчењето“, Заев одгвори дека тоа е фин македонски збор.

Очигледно испровоцирана, на ова веднаш на Фб реагираше Елка Јачева-Улчар од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“:

„Грешка сте, друже Заев! Од македонски глаголи на корен мрч – само глагол ‘мрчка’ имаме!“

Претходно Заев го прозва Мицкоски дека не ги осудил настаните кои се случија во парламентот на 27 април. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека тоа го направил претходно повеќе пати, а сега повторно тоа ќе го осуди, но и дека го осудува и поводот зошто дојде до тоа насилство, како и висината на пресудите”.