Најмалку 19 лица загинаа и 70-на други се повредени при избувнување пожар во деловна зграда во главниот град на Бангладеш, Дака, соопшти денеска противпожарната служба.
Телата на 13 луѓе се пронајдени на местото на настанот, а шест други лица починале во болниците.
Пожарот избувна претпладнево во деловната зграда „ФР Кула“ во Дака.
Поголем број луѓе, барајќи спас од пожарот, скокале од високата деловна зграда.