Тинејџер од Мисури е  обвинет дека на колегите од работа им ставал ЛСД во пијалок, а неговиот чин го објаснил, велејќи дека тоа го правел, бидејќи неговите колеги биле премногу негативни и нерасположени, а тој сакал тоа да го поправи.

Овој 19-годишник и ги признал на полицијата причините за ставање на халуциногени дроги во пијалак на неговите колеги, а сега му се закануваат неколку казни поради зашеметувањето на колегите и поседување на наркотици.

Менаџерката на фирмата го видела како стои до нејзината чаша со вода, и одлучила да не ја испие. Таа ја повикала полицијата откако забележала дека на нејзините колеги не им е добро, а еден од нив почнал да се тресе.

На прашањето од полицијата зошто одлучил да им става дрога во нивните пијалаци, добиле објаснување дека ги сметал за здодевни и негативни и мислел дека треба да им го поправи расположението.

Целата ситуација се случувала во продавница за изнајмување на автомобили во Мисури.