СИЛЈАНОВСКА ВО РЕСЕН: Станавме како Северна Кореја

/ 02.04.2019

Чест ми е да ве поздравам во олку голем број, иако одејќи по пазарите срцето ме боли кога ја гледам цената на јаболката, една од најскапите овошја во светот, кај нас 10 – 15 денари. Е тоа е реформската власт, економски ориентираната влада, заборави на ветувањата. Баба ми ми велеше дека има едно цвеќе, расте во копачијата, таму од каде што е моето потекло, се вика срамниче или срам. Велеше дека некогаш сите зрнца биле бели и само едно во средина црно потсетувало на срамот, ама кога исчезнал срамот сето станало црно и останало едно бело. Е тоа сте вие вечерва, белото зрно.

Ова го истакна кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова на вечерашниот митинг во Ресен.

-Го кажувам ова зошто денеска навистина не само што се чувствував понижена, навредена, демакедонизирана, денационализирана, туку мислев дека некој како да ми го урнисал достоинството. Зошто веројатно прашувате? Замислите, не можел да слета навреме авионот, па затоа не сме можеле да ја чуеме интонацијата на химната. Небаре химната останала во авионот, а не долу. До таму немаат срам што дури и лагите со здравиот разум им се косат. Зошто е важно прашањето на химната? Понекогаш симболите се помоќни во говорот, во пораките од напишаното, од зборовите, е токму тоа е химната, токму тоа е знамето, токму тоа е грбот и како во сите пристојни земји, како во државите со нишани, така и во Уставот на Република Македонија има член кој зборува за државните симболи. Колку се важни се гледа по тоа како се носат или се утврдуваат со самиот Устав што не е случај со нашиот или со закони, со двотретинско мнозинство. Зошто? За да не можат да се сменат, ама нашиот премиер наместо денеска да ја симболизира државата, заборави на химната. Не почнува ниту еден државен настан, не почнува ниту еден спортски настан без интонирање на химните. Ама ете денеска на таа таканаречена историска средба на двајцата, на двата соседи, на двете држави, небаре господинот Ципрас е дојден во приватна посета на господинот Заев остана без химните. Тоа е навреда за македонскиот народ. Тоа е навреда за македонската држава. Но, се разбира ним во срцето, не верувам во срцето, веројатно во друго е причината им е Северна Македонија, посочи таа.

Силјановска Давкова говореше за македонската химна.

-Денеска срамниот чин говори за него, говори за владата, говори за државата која што тој мисли дека ја претставува, но ние ниту ја чувствуваме, ниту ќе ја прифатиме неговата држава. Нашата држава има 75 години стара химна. Ние простум стоиме кога се интонира, јас честопати плаќам и кога има натпревар и кога има некоја научна средба, и кога има некоја државна средба. Ама ние државата си ја носиме не само во умот, туку во срцата. Срамно е во далечната 1879-та година еден од најпочитуваните британски државници, премиерот Вилијам Гладстон да напише, зошто не Македонија на Македонците, како Бугарија на Бугарите, Србија на Србите, Грција на Грците. Зошто го прашувам јас нашиот премиер? Живееме во 21-виот век, а ние се уште треба да докажуваме дека сме Македонци и кога немало држава Македонија имало Македонци. Се чини дека тоа не го знае нашиот премиер или не сака да го знае. Јас се чудам како можел денеска олку насмена и весел да се слика со господинот Ципрас заборавајќи дека пропуштил еден важен момент, еден важен чин, химната. Но, се разбира во химната се зборува за правдини, во химната се зборува за Македонија и тој или се плаши да го чуе тоа или се плаши да не го навреди високиот гостин. А пазете ќе се помирувале. Помирување без народ нема. Помирувањето не е чин на двајца премиери, помирувањето е нешто повеќе од тоа, истакна таа.

Кандидатот за претседател говореше и за Преспанскиот договор и за македонската Влада.

-За жал, Преспанскиот договор ниту беше по мерка на македонскиот народ, ниту пак во Грција помина низ транспарентна постапка. Но, поважно беше да се реши геостратешкиот момент, геостратешката причина а нам за жал судбина ни била да живееме на линијата на огнот. Ветуваа реформска влада и кога слушав за реформска влада си велев веројатно ќе го намалат бројот на министрите, веројатно ќе посегнат по квалификувана и стручна администрација, веројатно ќе се втурната во економски реформи, веројатно ќе и објават војна на корупцијата и криминалот, веројатно нема ни да споменат за непотизам, ама најверојатно сето тоа го заборавија. Се разбира, не се чудиме на ваквото однесување бидејќи стана редовна практика. Се фалат дека се пред прагот на НАТО. НАТО беше стратешки интерес на сите партии, меѓутоа за НАТО исто така не е доволно само да потпишете договор и за НАТО се критериумите за Европската Унија. Но, знам дека заради тие геостратешки интереси ќе влеземе во НАТО. Но, замислите, оние кои што велат дека се државници заборавија дека ние и немаме амбасадор во НАТО. Тоа е многу чудно, бидејќи обично во пресрет на влезот треба да се организира. Да не говорам и за неспремноста на Министерството за одбрана да одговори на многу предизвици за НАТО. Да, знам дека нашите луѓе, нашите војници освојуваат медалји по светот, награди, меѓутоа дома немаат чевли. Ова влада не направи ни стратегија, ниту пак план, не само за НАТО и ЕУ туку и за сите споменати прашања. Се разбира малку и беа, замислете, две ипол години речиси ништо друго да не реши освен името. Си ги решаваа сопствените проблеми. Но, не се таму заради сопствените проблеми. Туку се таму заради народните проблеми, заради вашите проблеми, заради нашите проблеми, оти суверенитетот и легитимитетот им извира од нас, а не од парите со кои што се преукупирани. Немаме независно судство, имаме криво судство. Немаме парламент како законодавно тело, бидејќи парламент без опозиција, не постои. Немаме квалификувана администрација, а таа е костур на секоја држава и без неа нема реформи. Но имаме секојдневно скандали па станавме земја на скандалите. Имаме секојдневно фамилијарни вработувања и имаме нешто што никаде и никој го нема во моментот, може го има во Северна Кореја или Северен Виетнам забранети филмови, забранети претстави, претпоставувам или пак ако сакате презентации во тесен круг на луѓе, мислам дека се плашат од народот. Забранети книги имаме. Дваесетина книги има за убиствата или обидите на Дегол, уште толку за браќата Кенедиеви. Да не говорам за Соединетите Американски Држави, да не говорам за жестоките критики на претседателот Буш, меѓутоа никој не забрани филм, никој не забрани книга. Мислам дека ни во комунизмот тоа го немаше во оваа земја. но како што гледате тоа е нивната промена, тоа се нивните реформи. Да или 49-тата а можеби и 1913 меѓутоа во една друга форма, истакна Силјановска Давкова.

„Мислам дека и кога сме на колена и кога сме паднати и кога мислиме дека сме изгубиле неколку битки, во нас нешто се крева, во нас нешто опстојува бидејќи еден претседател во кој тие се колнеа велеше дека Македонија е се што имаме, тие го заборавија тоа. За нив Македонија е се што немаат, ама јас сум убедена дека Македонија повторно ќе биде се што имаме, бидејќи ние немаме друг избор, ние немаме друга Македонија, не постои Република Јужна Македонија. Смешно е некој да помисли дека од територијата сме го добие името, не територијата не е суштество и не дава име, името е врзано за нацијата, за луѓето, за Македонците“-порача таа.

-Ако сме опстоиле и во Отоманската империја, ако сме опстоиле во сите битки и ако сме положиле темел на модерната антифашистичка Европа, ако на 8-ми септември гласавме за Македонија во огромен број како тогаш без болка да ја читаме Преамбулата во која што замислете пишува дека илинденците, партизаните се бореле за Северна Македонија, дека  на 8-ми септември сме гласале  за Северна Македонија. Не Северна е нивна а Македонија е наша. Велат дека идентитетот не бил тесно поврзан со името, но ние им велиме на студентите дека името е најважниот идентитетски знак и кога се работи за индивидуа, и кога се работи за држава. Никој во историјата, ниту една држава не се нарекла Македонија, никој во историјата не се нарекол Македонски. Се прашувате тогаш кои се Македонците и која е Македонската држава. Тоа сте вие, тоа сме ние, ама тоа не се тие, бидејќи ако се срамат од химната или ако се плашат да ја интонираат тие имаат сериозен идентитетски проблем ама ние немаме.  Што ќе правиме? Најпрво чекорот што доаѓа, победа на претседателските избори не заради мене, тука е вашиот претседател Мицкоски и тој знае дека кога ми предочи кога ми предложи вакво нешто јас бев шокирана, никогаш не сум сонувала ниту пак сум имала желба за некаква политичка функција после 90-тите години, ама аргументите што ги чув причините што ги чув, мислам дека навистина беа за размислување. Неверојатно сум ви благодарна за она што го сторивте на Конвенцијата во Струга, бидејќи се разбира сам никој не може да победи, не се изборите натпревар по ум по знаење, не не се, треба да има некој зад вас, некој кој што имате заеднички став за најважните проблеми, некој кој што решил навистина да ја реформира Македонија, некој кој што решил навистина да посегне по реформи, некој кој што знае што е идентитет, некој кој што отворајќи ми мене порта решил да отвори нова страница во македонската историја, тој некој треба да победи на предвремените парламентарни избори, посочи таа пред граѓаните.

Силјановска Давкова порача: Мислам дека сме на патот навистина да покажеме и да докажеме дека вред да се инвестира во знаење, дека вреди да се биде чесен, дека вреди да се биде патриот, дека вреди да се биде со својот народ, зошто без тоа навистина нема да има промени.

-Ова вреди, ме обврзува и мене. Доколку го добијам вашиот глас и доколку како претседател на сите граѓани без оглед на етничката, расна, верска или било каква припадност се обврзам на реформи дека ќе почнам една долга листа. До вас ќе се обраќам во парламентот, но не за да покажам колку сум силна или дека имам реторички вештини, туку затоа што вашите проблеми ќе ги нотирам таму, од оние на лицата со посебни потреби, до оние на младите преку оние на лекарите, на земјоделците, луѓето кои животот го вложиле во најубавите јаболка на светот а сега не можат да ги продадат, на оние кои што имаат социјални проблеми во животот,за да ги заинтересирам пратениците и за да ја сензибилизирам владата и да покажам дека не е таму за вежба демократија на нас и да се богати, туку за да ги решава вашите проблеми. Ви ветува дека она што го пишувам во трудовите и во книгите дека не може да има здрава, досадна држава во која што функционира се само од себе . зошто? Заради процедурата дека ќе го направам на мој специфичен начин. Во сите тела кои претседателот има право да предлага луѓе, во Уставниот суд, во Советот за безбедност, гувернерот, понатаму кога треба да разговара со неговиот партнер политички, министерот за одбрана или министерот за надворешни работи, иако не знам како човек може да разговара со нив, со се надевам дека еден друг суштински разговор веќе наесен  ќе се појави како природен, разговорот со новите министри од новата влада. Се разбира јас сакам да ве замолам, ако бојкотот на референдумот имаше логика, мислам дека бојкотот на претседателските избори нема логика. Само ако сте внатре можете да ги менувате нештата, само ако сте внатре можете да градите стратегија, само ако сте внатре може при секоја средба со било кој претставник на ЕУ, на НАТО, на амбасадите да им ја предочите македонската болка, да има кажете дека не може некое решение како ова за Северна Македонија туку така да помине, дека е тоа неприродно, дека не навредува дека не може да стане дел од нас, дека ни ги навредува умот и срцата дека понекогаш е од далеку од здравиот разум само така може да се реши. Ве молам да излезете на овие избори. Зошто? За да ги делигитимираме, за да ги испратиме во историјата како една од најнеодговорните влади, за да можеме да предизвикаме заради добриот тест демократски нови парламентарни избори на кои што ќе дојде веќе подготвената нова власт, истакна таа.


Од истата категорија