Пратеникот Антонио Милошоски денеска преку Фејсбук објави квиз прашање со три одговори за тоа кој ја говори вистината за добивањето датум за преговори на Република Македонија со ЕУ.
Милошоски ги нуди одговорите: под „а“ премиерот Зоран Заев кој тврди дека лани сме добиле датум за преговори; под „б“ вицепремиерот Бујар Османи кој тврди дека ќе добиеме датум за преговори, сега во јуни; и под „в“ министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој ќе лета во Берлин за да се увери кој од овие двајца (не) лаже!
А како што е се изместено од лежиште во државава, љубителите на политички квизови може да си допишуваат прашања и да даваат одговори.