Во новиот филм на на Клод Лелуш, „Најубавите години од животот“, продолжение на „Еден маж и една жена“, што треба да се почне да се прикажува пролетва, Анук Еме го посетува Жан-Луи Трентињан во необичен дом за стари луѓе.
Клод Лелуш, режисер на 49 филма, и на 81-годишна возраст е многу зафатен човек. Работи на два филма, а иако не е во пензија, има што да каже на таа тема. И за искуството на стареењето и староста.
-Снимивте дел од идниот филм во дом за возрасни луѓе. Изненадувачки избор и наслов.
-Тоа е филм за времето кое заминува или поточно за силата на времето кое заминува. „Најубавите години на еден живот“ е епилог на „Еден маж и една жена“, со истите актери, Анук Еме и Жан-Луи Трентињан и истите деца, Суад Амиду и Антоан Сир. Сакав овој филм да биде мошне оптимимистичен, да раскажува една љубовна историја која трае, продолжува педесет години.
-Како да старееме оптмистички?
-Треба да оставиме ирационалниот дел во нас да живее…
Жан-Луи Трентињан и Анук Еме во “Еден маж и една жена”
-Но, што да правиме кога живеем воопштество маѓепсано од младоста, што да правиме за погледот на другите да не ни стане мачен?
-Албер Коен велеше: „Секој човек е сам и никој не дава пет пари за другите, а болките ни се пуст остров“. Не треба да водиме многу сметка за другите. треба да водиме сметка за тоа што е во нас. Нашата рационална страна, деловното чувство, не се најважното. Најважно е ирационалното. Тоа е единственото нешто што има значење. Затоа снимив толку многу љубовни истории. На крајта, тие се важни, важни се љубовните истории, која и да е нивната форма. Се друго е утешителна печалба.
-Не е вообичаено во дом за возрасни да се раѓа отпимизам.
-Сакав декорот да биде во тој дух. Малку попрестижен дом за возрасни, нешто како голема вила во Нормандија, за да се забавуваат. Крајот на животот треба да биде таков. Последните години од животот треба да бидат најубавите… И да не се претворат во алиби за тие кои не ја поднесуваат староста. Домовите за стари лица, како денешните, не треба да постојат. Откако цел живот сме работеле, имаме право на убав одмор.
-Која е вашата тајна, како да остариме во радост?
-Си велам како Виктор Иго дека „најубавите години од животот на човекот се тие кои тој уште не ги изживеал“. Никогаш не сум се забавувал така како денес. На моја возраст човек успева да го улови најважното, се радува на минутите како години. Кога си млад, годините ти се минути. Но односот кон времето се менува кога се приближуваш кон финалната линија. Јас ја живеам секоја секунда, како да е последна. Јас се насладувам на сегашноста, тоа е единственото нешто кое ни припаѓа. Секогаш сум бил човек на сегашноста, тоа е единственото нешто што ни припаѓа, зашто сегашноста нема време да остарее.
-Создавањето на два филма едновремено, носи ли тоа двојно задоволство?
-Да! Втриот филм е за добродетелта на причините кои тешко се доловуваат. Тој е посветен на мобилниот телефон. Тоа е техничка револуција за филмот. Денес сите снимаат се со мобилен телефон. Така решив и јас да го снимам филмот.
-Што значи тоа „добродетелта на причините кои тешко се доловуваат“?
-Во се што постигнав во животот, најпрвин пропаѓав. Ме водеа неуспехот и страдањето. Тоа е вистинската валута во животот. Некои големи достигнувања на човештвото всушност дошле по ужасни периоди. За жал луѓето некогаш мора да минат низ катастрофи за да ги сменат навиките. Во спокојните периоди, тие не вршат промени.
-Зошто куќата во филмот „Најубавите години од еден живот“ е тркалезна?
-Тоа е идеална куќа, тркалезна како Земјата. Но, затоа чини многу… Во Париз исто така живеам во тркалезен апартман. Веќе не можам да живеам во квадрат. Да живееш во круг значи да можеш да одиш без да сопреш….
-Какво е местото на парите во Вашиот живот?
-Една банкнтоа од 20 евра не се менува за банкнота од 100 евра. Но, кај луѓето може да биде обратно. Само што парите немаат чувство за хумор. не се сентиментални. Парите, навистина, се многу важни за филмот, но не се мој приоритет. Некои се вљубени во парите, јас сум вљубен во љубовта. Најнесреќните луѓе кои сум имал можност да ги сретнам, беа вљубени во парите. Имав среќа, не сум таков, инаку никогаш немаше да ги преземам сите ризици кои ги презедов.
-Вашите совети кон новите пензионери?
-Не се плашете од смртта. Јас на неа гледам како минување од еден живот во друг. Тоа ме теши при смртта на моите пријатели.
-Дали сте верник?
-Се повеќе и повеќе.
-Дали ве мачи прашњето кому да го оставите наследтвото?
-Имам седум деца. Нема да ги лишам од наследството. Би бил многу среќен ако добијат нешто, доколку нешто останало. Но, решив максимално да уживам во животот. Покрај тоа не е голема среќа да бидеш наследник. Треба да го искусиш задоволството сам да спечалиш. Човек кој печали, презема и ризик, учествува во економијата. Во крајна линија, ако не плаќаме даноци целиот живот, би се согласил се да ни земамт по смртта. Тоа, се разбира, е метафора. Всушност, јас гледам на смртта као на најголем данок во животот. Така што, умираш беден.