Владата на Нов Зеланд планира да воведе данок за повеќето странски туристи, со цел да ја намали оптовареноста на туристичкиот сектор кој е во подем.
Министерството за туризам ќе почне да им наплаќа такси на посетителите од 35 долари. Се очекува новата такса да го зголеми буџетот на земјата за 55,8 милиони долари. Владата, наводно, планира да ги искористи тие средства за финансирање на инфраструктурата.
– Треба и туристите да дадат мал придонес, а со тоа ние ќе им помогнеме да добијат подобра инфраструктура и подобра заштита на природните ресурси во кои уживаат, истакна министерот за туризам Келвин Дејвис.
Оние кои пристигнуваат од Австралија ќе бидат ослободени од таксата, а тоа би можеле да го очекуваат и туристите од Кина. Токму од овие две земји се најбројни туристите во Нов Зеланд.
Како што се наведува, плаќањето ќе се врши при аплицирањето за виза, како и преку новиот електронски систем за патување, на кој се работи.
Нов Зеланд бележи рекорден пораст на туризмот во изминатите четири години, што значително влијаело и на економијата, но истовремено ја оштетило инфраструктурата. Локалните жители се загрижени дека некогаш недопрените дивини сега се преплавени со луѓе.